Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Бранко Беличев

  • Играч

1984–1998

Биографија

Бранко Беличев е легендарен фудбалер на ФК Беласица, којнастапувал и за Вардар Скопје, Победа Валандово, Осогово Кочани, Брегалница Штип… За Беласица има 155 првенствени настапи во 9 различни сезони и има постигнато 14 голови. Во Беласица доаѓа летото 1984 г., од Ц. Ѕвезда Босилово. Дебитира на 18 години, во ноември 1984 година, против Лирија од Призрен. Во првата своја сезона одигрува 6 натпревари и летото 1985 година оди во Осогово од Кочани, каде ќе игра како центарфор и каде ќе биде прв стрелец на тимот. Летото 1986 г. пак се враќа во Беласица. Првиот свој гол го постигнува против ОФК Београд. На крајот од сезоната има 3 голови. Во сезоната 1987/88 има вкупно 26 натпревари и е дел од одбраната заедно со: М. Илиев, Т. Георгиев, Т. Стојанов, Б. Беличев, К. Секулов и Р. Панов, која ќе помогне во освојувањето на титулата во Првата македонска лига.

По успешните квалификации, игра во Втората единствена југословенска лига на 24 натпревари. Летото 1989 г. поминува во Вардар од Скопје, заедно со Т. Георгиев. Во Вардар игра во Првата југословенска лига на 10 натпревари во есенскиот дел, по што оди во ЈНА. Во 1991 година е во Брегалница од Штип, заедно со М. Илиев. Во зимскиот преоден рок се враќа во Беласица, но игра само на пријателски натпревари. Следна станица во неговата кариера е Победа Валандово, кадеќе игра една и пол сезона. Во Беласица се враќа во јануари 1994 г. и игра во одбраната на 13 натпревари. Во следната сезона, 1994/95, игра на 18 натпревари. Во сезоната 1995/96 со 6 голови е прв стрелец на тимот, заедно со Ј. Василев. Против Вардар од Скопје дава два гола за победа од 2:1. Во есенскиот дел од 1996 година игра на 11 натпревари. Последните пет натпревари за Беласица ги игра есента 1998 година, кога е капитен на тимот.

Последниотнатпревар за Беласица му е против Овче Поле, во Втората македонска лига - исток. Последните натпревари во својата кариера ги игра за Струмешница од Зубово.

Кариера

Беласица

Настапи
156
Голови
14

Фотографии

  • Бранко Беличев