
Борјан Попоски
- Играч
2024–2026
Биографија
Борјан Попоски е поранешен десен бек на Беласица. Борјан ја има поминато младинската школа на Работнички. Борјан одигрува и еден натпревар за сениорскиот тим на Работнички, во мај 2022 година, во последното коло, против Пелистер. Борјан одигрува и 4 натпревари за младинската репрезентација на Македонија до 17 и 18 години (против Словачка, Португалија, Грузија и Словенија) . Во јули 2022 година, на свои 18 години, заминува во Слога Виница, за да по 6 месеци замине во Борец од Велес. И во Велес останува 6 месеци, а во есенскиот дел, од сезоната, 2023/24, игра за ФК Скопје. Во Беласица доаѓа во јануари 2024 година. Попоски дебитира за Беласица против Пелистер во Битола. Во дресот на Беласица одигрува 14 натпревари, во пролетниот дел. Во сезоната, 2024/25, Борјан е стандарден во одбраната на Беласица и одигрува 27 натпревари. Борјан е повикан и за репрезентацијата на Македонија до 21 година, во ноември 2024 и игра против Косово. Во сезоната, 2025/26, одигра 27 натпревари. Вкупно во 3 сезони, за Беласица има одиграно 68 првенствени натпревари. Борјан ова лето ја напушти Беласица, по три сезони.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 68
Фотографии

Борјан Попоски