
Борче Јовановски
- Играч
1984–1986
Биографија
Борче Јовановски, битолскиот генијалец, кој настапуваше за Беласица, додека играше во Втората југословенска лига - Исток. За Беласица има 75 првенствени натпревари во 3 сезони и има постигнато вкупно 13 голови.
Во Беласица доаѓа од РЕК Битола, екипа која настапуваше во Првата македонска лига. Во летото 1984 доаѓа во Струмица и дебито го имаше на натпреварот со Брегалница во Штип, на свои 22 години. На истиот натпревар постигнува гол и е играч на натпреварот. Во првата своја сезона е втор по број на натпревари, 31, а и втор по голови, вкупно 5, помеѓу кои и единствениот против Пелистер. Дел е од нападот: Јовановски, Андреев, Боев, Шеки, Милосовски (Узунов). Во следната сезона 1985/86, во есенската полусезона со Узунов се први стрелци, со по 4 голови. Дава два голови во Ужице против Слобода, за победа од 2:0. Во пролетниот дел дава два голови и против Ловќен од Цетиње, за чиста 10-ка, еден од трите натпревари во таа пролет, кај е играч на натпреварот. На крај со 6 голови е трет стрелец зад Шабани и Узунов. Со 32 настапи е дел од групата играчи (Андреев, Василев, Панов, Секулов, Зајков, Блажески), 30+ натпревари, кои играле таа сезона. Есента 1986 е негова последна полусезона во Беласица, настапува на 12 натпревари и дава два голови во натпреварот против Раднички од Крагуевац. Својот последен настап го има на натпреварот со Влазними од Ѓаковица во декември 1986 година.
По Беласица, пак се враќа во Битола, но сега игра за Пелистер. Во Пелистер ќе игра следните 5 сезони со голем успех, а клубот ќе е втор по квалитет во државата. Во сезоната 1991/92, Пелистер ќе игра во Првата југословенска лига, а Јовановски е капитен на тимот и настапува на 23 натпревари. Во летото 1992 преминува во Слога Југомагнат, каде ќе игра една сезона, со својот поранешен соиграч, Н. Шабани. Повторно ќе се врати во Пелистер во летото 1993 година.
Кај Струмичани, Јовановски ќе остане запаметен по своите брзи пробиви по десната страна и како еден од најдобрите фудбалери од надвор, кои играле за Беласица.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 75
- Голови
- 13
Фотографии

Борче Јовановски