Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Бојан Михајловиќ

  • Играч

2000–2003

Биографија

Бојан Михајловиќ е српски фудбалер, кој остави голем траг во Македонија, играјќи во дресовите на Беласица, Работнички и Металург од Скопје.

За Беласица игра три и пол сезони и одигрува 92 првенствени натпревари и постигнува 5 голови.

До 2000 година игра во својата родна Србија, во екипите на Дубочица, ОФК Београд и Раднички од Ниш.

На свои 26 години, доаѓа во Беласица во летото 2000 година. Дебитира за Беласица на натпреварот со Тиквеш, а првиот гол го дава против Пелистер. Во сезоната 2000/01, игра на 21 натпревар и постигнува 2 гола покрај Г. Пандев, А. Стојков, В. Георгиев, Љ. Николиќ, Р. Попов,... Беласица го освојува 4-тото место.

Во сезоната 2001/02, е дел од тимот на Беласица кој го освојува второто место, а тој настапува на 28 натпревари и постигнува 2 гола. Беласица, летото 2002 игра во купот на УЕФА против португалскиот тим, Лешоеш, а Михајловиќе е стартер и на двата натпревари.

Во сезоната 2002/03, Михајловиќ настапува на 28 натпревари во средниот ред на Беласица, кој го сочинуваат: тој, Р. Попов, Д. Масев и В. Костов. Тимот е есенска шампион, но на крај пак е втор зад Вардар. Во купот на Македонија игра полуфинале со Слога. Летото 2003, во купот на УЕФА е стартер и во двата натпревари со Публикум од Словенија.

Во последната полусезона, есента 2003 година, игра на 15 натпревари. Последниот гол го дава против Напредок во Кичево, а се простува од Беласица во натпреварот против Маџари во Скопје.

Во јануари 2004 оди во Работнички,каде ќе игра во следните 4 и пол сезони и ќе настапи на 97 првенствени натпревари. Со Работнички станува три пати шампион на Македонија, во сезоните 2004/05,2005/06 и 2007/08. А во сезоната 2007/08 го освојува и македонскиот куп.

Во сезоната 2004/05 кога стануваат прв пат шампиони, во тимот на Работнички игра со уште поранешни играчи на Беласица и тоа: П. Стојанов, Г. Мазновми Т. Бандулиев. А даваат со П. Стојанов полн допринос и во втората титула во сезоната 2005/06.

Летото 2008 година, преминува во Металург од Скопје и ќе игра таму уште три сезони и ќе го освои купот на Македонија во сезоната 2010/11, на свои 37 години.

Бојан Михајловиќ ќе остане запаметен како беспрекорен борец од средината на теренот, кој секогаш се жртвуваше за екипата и ги учествуваше во најголемите успеси на екипите кај настапуваше.

Кариера

Беласица

Настапи
92
Голови
5

Фотографии

  • Бојан Михајловиќ