
Благој Тасев
- Играч
1971–1980
Биографија
Благој Тасев, легендарен центарфор на Беласица во периодот од 1971 до 1980 година. Одигрува 9 сезони, постигнувајќи 37 прволигашки голови, на 170 првенствени натпревари. За Беласица дебитира на 18 години во мај 1971 година, против Слога од Скопје. Првиот гол го постигнува во следната сезона (1971/72) во Велес против Борец. Есента ќе биде дел од нападот составен од: Чинков, Ѓ. Георгиев, Тасев, Н. Секулов и Џидалов (Данев). Со 4 голови, таа есен е трет стрелец. Во сезоната 1972/73 е дел од нападот составен од: Шеки (Чинков), Аљоков, В. Рингов, Н. Секулов (Мафков) и Тасев. Во сезоната 1973/74 е во ЈНА, за да се врати во сезоната 1974/75, како најдобар стрелец на тимот со 12 голови на 29 натпревари. На средбите со Брегалница Штип, 11 Октомври од Прилеп и Охрид постигнува по 2 голови.
Во сезоната 1975/76 со 7 голови е втор стрелец на тимот, зад Мафков, голгетерот на Македонската лига за таа сезона со 27 голови. Во следната 1976/77 постигнува 5 голови, притоа со неговите два гола совладувајќи го Кожуф. Во сезоната 1977/78 со 6 голови е трет стрелец на тимот, зад Мафков и Стојков. Есента 1978 година го постигнува својот последен гол за Беласица, за победа против Брегалница Штип. Сезоната 1979/80 ја поминува во редовите на Вардарски од Богдански. Есента 1980 година се враќа во Беласица и во октомври 1980 година го одигрува својот последен меч за Беласица против Напредок од Кичево во Струмица. По успешната фудбалска кариера, изградува и успешна деловна кариера.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 170
- Голови
- 37
Фотографии

Благој Тасев