Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Благој Стојанов

  • Играч

2016–

Биографија

Благој Стојанов е сегашен фудбалер на Кожуф, а во својата кариера има настапувано и за Беласица, Детонит, Тиквеш, Хоризонт, Академија Пандев и Тиверија. Благој е син на познатиот фудбалер и тренер, Ацо Стојанов. Благој ја започнува својата кариера, во Тиверија каде настапува до сезоната, 2012/13. Летото 2013 година, како 14 годишно дете оди во пионерската екипа на Академија Пандев во сезоната 2013/14. Следната сезона игра за Хоризонт од Турново, за да во сезоната 2015/16, игра за младинската екипа на Кожуф. Летото 2016 година доаѓа во Беласица, каде дебитира на 17 години против Рудар од Пробиштип, кога постигнува и гол. Во оваа сезона 2016/17 одигрува 12 натпревари и постигнува 2 гола, а Беласица е шампион во Третата лига - исток. Во следната сезона, Стојанов одигрува 7 натпревари за сениорскиот тим во Втората лига - исток, а игра и за младинскиот тим на Беласица. Летото 2018 година, Стојанов преминува во Детонит каде одигрува 9 натпревари во есенскиот дел. Во зимскиот преоден рок, пак се враќа во Беласица и одигрува 10 натпревари во Првата македонска лига. Во сезоната, 2019/20, одигрува само еден натпревар во купот на Македонија. Летото преминува во Тиквеш, каде одигрува 2 натпревари во Втората лига. Во пролетниот дел игра за друг второлигаш, екипата на Кожуф, каде настапува за 9 натпревари. Во сезоната, 2021/22, одигрува 18 натпревари за Кожуф. Есенскиот дел од сезоната, 2022/23, игра во Кожуф, за во пролетниот дел да се врати во Беласица. Во оваа полусезона одигрува 14 натпревари за Беласица. Во есенскиот дел, од сезоната, 2023/24, ги одигрува сите 15 натпревари и постигнува еден гол против Победа од Прилеп. Во јануари 2024, пак се враќа во Кожуф, каде настапува стандардно. Во февруари 2026, повторно се враќа во Беласица. Во пролетниот дел игра на 11 натпревари. Вкупно за Беласица има одиграно 69 натпревари и постигнато 3 гола, во 7 сезони. Оваа сезона ќе биде негова осма сезона во дресот на Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
69
Голови
3

Фотографии

  • Благој Стојанов