Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Благој Митев

  • Играч
  • Тренер

1978–1987

Биографија

Благој Митев, фудбалска и тренерска легенда на струмичкиот и македонскиот фудбал. Во 9-те сезони во Беласица ќе игра на 186 првенствени натпревари и ќе постигне 8 голови. По бројот на настапи е во 25-те играчи со најмногу настапи во историјата на Беласица. На 14 години одиво Прилеп, каде учи и се придружува на струмичката фудбалска колонија составена таму од: Истатов, Дрвошанов и Трајков. Првин игра во младинските категории на Победа Прилеп, пред да започне со сениорската кариера. Во 1973 г. влегува во првиот тим и ја започнува својата сениорска кариера во Победа Прилеп, каде ќе игра пет сезони. Станува елитен лев бек, кој настапува во Втората југословенска лига - исток. Летото 1978 година се враќа во Струмица на инсистирање на Б. Истатов. Дебитира за Беласица против Слога од Виница, а првиот гол го постигнува против Работнички во победата од 4:3.

Во првата своја сезона во Беласица е во Б тимот на лигата. Митев игра на 28 натпревари и постигнува 3 голови. Во следната сезона, 1979/80, игра на 22 натпревари и постигнува 5 голови, а Беласица пак е на третото место. Дел е од гранитната одбрана во состав: Истатов, И. Андреев, Б. Митев, В. Дрвошанов, К. Секулов и Т. Пецев. Следната 1980/81 игра на 29 натпревари, најмногу во тимот, заедно со М. Василев. По одиграни 20 натпревари во сезоната 1981/82, пролетта 1982 г. оди во ЈНА. Се враќа пролетта 1983 г. и учествува во најголемиот успех на Беласица, станува шампион во Македонската лига 1982/83 година. Во наредните 4 години, Митев игра за Беласица во Втората југословенска лига - исток. Во првите две сезони (1983-1985) во оваа лига, за Беласица игра во одбраната на 60 натпревари, во состав: Д. Георгиев, М. Василев, Т. Стојанов, Б. Митев, К. Секулов и Р. Панов.

Есента 1985 г. игра на 10 натпревари. Последен негов натпревар за Беласица е во јуни 1987 г., против Влазними во Ѓаковица. Последните три сезони (1987-90) од својата играчка кариера настапува во Победа Валандово. Во првата негова сезона во Победа, тимот се враќа во Првата македонска лига. Тој ќе е столб на одбраната и во следните две сезони во Првата македонска лига. Во 1990 година во Беласица, заедно со Б. Ашиков, ја почнува својата тренерска кариера. Ја предводат Беласица во Првата македонска лига на патот кон освојувањето на есенската титула во сезоната 1990/91. Б. Митев, заедно со Р. Јанушев, ќе ја предводи Беласица и во сезоната 1997/98. Ќе биде тренер и во неколку наврати и на силната екипа на Турново. Ќе работи со младите категории на Беласица во последните неколку сезони.

Кариера

Беласица

Настапи
186
Голови
8

Периоди

Тренер
1991–1992

Фотографии

  • December 18, 2025

    Црно-бел портрет на Благој Митев како фудбалер на стадионот

  • Благој Митев