Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Благој Истатов (јуниор)

  • Играч

2016–2021

Биографија

Благој Истатов е поранешен играч на Брласица и внук на легендата на македонскиот фудбал. Започнува со тренирање на фудбал во Тиверија, за да од 2013 година се префрли во Академија Пандев. Во младинскиот стаж ги поминува и школите на Хоризонт од Турново и Кожуф, за да во летото 2016 година дојде во Беласица, на неполни 17 години. Во Беласица освен за младинскиот тим, започнува да настапува и за сениорскиот состав. Дебитира во август 2016, против Брегалница во Делчево, во првото коло на Третата македонска лига - исток. Во следното коло против Рудар од Пробиштип, го постигнува и својот прв гол. Во првата своја сезона во Беласица одигрува 15 натпревари и постигнува 7 гола. Беласица станува шампион, па во следната сезона, настапува во Втората македонска лига. Благој одигрува 17 натпревари за Беласица во Втората лига, а Беласица станува шампион. Летото 2018 година пди на шестмесечна позајмица во Плачковица. Во јануари 2019 година се враќа во Беласица и одигрува 3 натпревари во Првата македонска лига. Во следната сезона, Беласица пак игра во Втора македонска лига, а Благој ги одигрува сите 16 натпревари и постигнува 3 гола. Последен натпревар за Беласица во оваа шампионска сезона е против Питу Гули во Крушево, кога Благој се запишува меѓу стрелците пак. Во есенскиот дел од сезоната, 2020/21, Благој одигрува уште 10 натпревари во Првата македонска лига. Во 5 сезони, Благој Истатов има одиграно 61 натпревари и постигнато 10 гола за Беласица. Во јануари 2021 година, Благој заминува во Осогово од Кочани, каде постигнува два гола во пролетниот дел. Во сезоната 2021/22, поминува по една полусезона во дресовите на Воска Охрид и Победа од Прилеп. Од 2022 до 2024, одигрува две сезони во дресот на Кожуф. Во јули 2024 се враќа во Хоризонт од Турново, по 9 сезони пауза.

Младиот Благој Истатов е уште еден играч, кој излегол од познатата фудбалска фамилија, Истатови.

Кариера

Беласица

Настапи
61
Голови
10

Фотографии

  • Благој Истатов (јуниор)