Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Благој Истатов

  • Играч
  • Тренер

1964–1982 (со прекини)

Биографија

Благој Истатов (1947) , статистика по сезони:
Сезона натпревари клуб
1964/65 1 Беласица
1965/66 0 Беласица
1966/67 ЈНА
1967/68 8 Беласица
1968 есен 5 Беласица
1968/69 19 Победа (Прилеп)
1969/70 30 Победа (Прилеп)
1970/71 30 Победа (Прилеп)
1971/72 34 Победа (Прилеп)
1972/73 31 Победа (Прилеп)
1973/74 18 Партизан
1974/75 23 Партизан
1975/76 3 Партизан
1976/77 33 Утрехт
1977/78 30 Утрехт
1978/79 21 Беласица
1979/80 20 Беласица
1980/81 9 Беласица
1981/82 12 Беласица
1982/83 10 Беласица
___________________________________
Вкупно 337 во 17 сезони
____________________________________

Благој Истатов, македонска голманска и тренерска легенда и фудбалер на 20-ти век на Струмица.

Кариерата ја започнува во младинските категории на Беласица и го освојува и младинскиот куп на Македонија во сезоната 1964/65. За сениорскиот тим на Беласица, дебитира во декември 1964, на 17 години против Љуботен од Тетово. Тој дел од триото голмани: Р. Комаров, К. Костадинов и Б. Истатов. Есента 1966 заминува во ЈНА, се враќа пролетта 1968. Во сезоната 1967/68, Истатов ќе брани на 8 натпревари. Покрај Истатов, голмани на Брласица се: К. Костадинов и С. Босиљанов. Есенската полусезона 1968, брани на првите 5 натпревари и во октомври 1968, заминува во Победа од Прилеп. Победа е дел од Втората Југословенска лига - Исток и таму Истатов ќе брани во следните 5 сезони. Во овој период ќе прерасне во најдобар голман во Втората Југословенска лига. Во Победа игра од 1969 до 1973 година со В. Дрвошанов и А. Трајков - Чанда. Летото 1973 година преминува во Партизан од Белград, заедно со 18-годишниот, В. Рингов. Во Партизан ќе брани на 44 првенствени натпревари, а со куп и пријателски натпревари, ја надминува бројката од 100 настапи. Во сезоната 1975/76, станува со Партизан, шампион на Југославија. Летото 1976 година, преминува во холандски Утрехт, каде ќе брани во следните две сезони, на 63 натпревари. Летото 1978 година, се враќа во Беласица. Беласица создава дрим тим враќајки ги покрај него,уште и: Дрвошанов, Митев, Нико и Костадин Секулов, Аљоков,... Во првата сезона, 1978/79, брани на 21 натпревар и голмански тандем ќе е во следните 4 години со Д. Георгиев. Во следната сезона, Истатов на 8 натпревари не прима, а во цела есенска полусезона на 15 натпревари прима само 5 гола. Во оваа сезона 1979/80, Истатов ќе брани на 20 натпревари. Беласица по втор пат за ршува трета. Во сезоната 1980/81, Истатов брани на 9 натпревари, а последните 10 кола е и тренер на тимот. Во следната 1981/82 брани на 12 натпревари. Последна негова полусезона е есенската полусезона 1982 година, кога ќе брани на 10 натпревари. Неговиот последен првенствен натпревар ќе е во Куманово, ноември 1982 година. Вкупно 86 првенствен натпревар, во 8 сезони во Беласица. Во оваа сезона 1982/83, Беласица со Истатов,како тренер и играч станува шампион во Првата Македонска лига. На 29.11.1983 година се простува од фудбалот, кога Партизан од Белград, гостува во Струмица и игра против Беласица. Во периодот, 1983-1987, Истатов ја предводи Беласица во 4 сезони во Втората Југословенска лига - Исток, а ќе игра и на два пати 1/16 на Купот на Југославија против Динамо Загреб и Риека. Истатов ќе ја предводи Беласица и во единствената Втора Југословенска лига, 1988/89. Истатов ќе ја предводи Беласица и пролетта 1990, а потоа и 1991/92. Есента 1993 година ќе го води ФК Дојранско Езеро, но потоа пак ќе се врати во Беласица. Сезоната 1994/95 ќе го предводи на Малеш од Берово. Во вториот дел од есенската полусезона 1995 пак ќе дојде во Беласица, се до летото 1997 година. Истатов ќе биде и тренер на голманите во репрезентацијата на Македонија, во периодот 1996-1999, кога селектор е Ѓ. Хаџиевски. Есента 1997 година го предводи и тимот на ФК Скопје. Последна негова сезона како тренер на Беласица е 1998/99, кога со Р. Панов се тренерски тандем. Сезоната 1999/2000, пак е тренер во ФК Дојранско Езеро. Во 2001 година ја добива наградата фудбалер на векот на струмичкиот фудбал. Во периодот од 2001 до 2003 година е помошник тренер во Вардар и на два пати ја освојува титулата. Со Ѓ. Хаџиевски, 2003/04 се тренери во Касторија во Грција. Ќе се посвети потоа на неговиот мотел со спортски комплекс"Истатов" во Нов Дојран. Подоцна, ќе биде и во управата на Тиверија, кога клубот воспоставува официјална соработка со Партизан од Белград. На крај од својата спортска кариера, ќе се врати во управата на Беласица, на чело со С. Васков. Истатов починува 2018 година и постхумно во негова чест, стадионот во Струмица е преименуван во стадион " Благој Истатов", во септември 2019 година.

Кариера

Беласица

Настапи
91

Фотографии

  • Благој Истатов