
Благој Гуцев
- Играч
- Тренер
2006–2011
Биографија
Благој Гуцев е поранешен фудбалер на Беласица, Тиверија, Силекс, Брегалница Штип, Кит го, Велазирими и Трепча.
Ги поминува младинските категории на Беласица. На два пати игра за Беласица, на турнирот во Виареџо (2008,2010), во Италија. За првиот тим, дебитира во октомври 2006 година, против Слога Југомагнат, на 16 години и 6 месеци. Во пролетниот дел, од сезоната 2006/07 година, почнува редовно да настапува во првиот тим и на крај од сезоната има вкупно 11 натпревари. Првиот гол за Беласица го постигнува против Маџари, есента 2007 година. Вкупно ќе настапи на 26 натпревари во сезоната 2007/08, играјќи во одбраната покрај: Ж. Јурчевски, М. Цветковски, Д. Божинов, С. Петковски,... Игра и во баражот за влез во Прва лига против Силекс, но Беласица, не успева. Во сезоната, 2008/09 одигрува само 3 натпревари за Беласица во пролетниот дел. Гуцев се враќа да игра стандардно на позицијата десен бек во сезоната, 2009/10, кога ќе одигра 16 натпревари, кога тимот е предводен од Милко Ѓуровски. Во сезоната 2010/11, Гуцев одигрува 22 натпревари, а го постигнува и решавачкиот гол во победата над Влазними. Последниот натпревар за Беласица го одигрува против Локомотива во Скопје, кога Беласица губи и завршува на 5-то место во Втората лига. За Беласица во 5 сезони, одигрува 78 натпревари и постигнува 2 гола. Сезоната, 2012/13, ја поминува во Тиверија, кога со овој тим ја освојува шампионската титула во Третата македонска лига - исток, а во баражот против Албарса од Скопје го постигнува во 75 минута одлучувачкиот гол за влез во Втората македонска лига. Во Втората македонска лига, за Тиверија ќе одигра 22 натпревари и 3 гола, во сезоната 2013/14. Во тимот, покрај него се и: Т. Костадинов, Ј. Серафимовски, С. Истатов, К. Чачев, М. Костовски, Т. Андреев, Зумровски,... Сезоната 2014/15, ќе настапува за Велазирими од Кичево. Летото 2015 година преминува во прволигашот Силекс од Кратово, каде ќе ги помине следните три сезони и ќе настапи на 93 натпревари. Во првата сезона во Кратово, со Силекс го освојува третото место во Првата македонска лига. Летото 2016 ќе настапи за Силекс во двомечот против Вадуз, во квалификациите на Лига Европа. Покрај него, во тимот на Силекс ќе играат и: Ѓ. Танушев, Ѓ. Џонов и А. Калановски. Во следните две сезони, Силекс ќе заврши на 6-то и 5-то место во Првата македонска лига. Летото 2018 година преминува во екипата на Трепча од Косово, каде ќе помине 6 месеци и ќе одигра 11 натпревари во Првата лига на Косово. Во јануари 2019 година се враќа во Македонија и ќе игра за тимот на Кит Го Пехчево, во Втората македонска лига. Летото 2019 година преминува во второлигашот, Брегалница од Штип, каде ќе ги одигра последните 6 натпревари од неговата фудбалска кариера. Летото 2022 година е назначен за асистент тренер на Беласица, за да од октомври 2022 стане главен тренер на Беласица и ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, 2022/23.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 78
- Голови
- 2
Периоди
- Тренер
- 2022–2023
Фотографии

Благој Гуцев