Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Благој Георгиев - Шкоро

  • Играч

1972–1974

Биографија

Благој Георгиев - Шкоро, легендарен голман, кој остави траг во македонскиот, но и во југословенскиот и грчкиот фудбал.

Дебитира за Беласица во април 1972 година, на 17 годишна возраст, на средбата со Југококта (денешна Македонија - Ѓорче Петров) во Скопје.

За Беласица настапува две сезони и забележува 46 лигашки натпревари. Последниот натпревар за Беласица му е повторно против Југококта, но во Струмица, во јуни 1974 година.

Потоа летото 1974 година заедно со М. Георгиев - Шеки и П. Бинев преминуваат во силниот југословенски второлигаш, Тетекс од Тетово. Во Тетово останува 4 сезони. Во тој период со него во Тетекс играат и В. Рингов (1975-77) и Н. Секулов (1977-78). Во последната сезона 1977/78, Тетекс се бори до последните кола за освојување на првото место и влез во Првата југословенска лига. Во 1978 година преминува во Вардар. Во Вардар во првата сезона (1978/79) брани на 26 лигашки натпревари, па оди во ЈНА (1979/80). Во следните три сезони (1980-83) во Вардар во Прва југословенска лига брани на 72 лигашки натпревари, односно 98 лигашки натпревари вкупно. Во Вардар ќе игра со Струмичаните, В. Рингов и А. Грнчаров. Во 1983 преминува во Ираклис од Солун, каде следните 5 сезони ќе брани и неколку пати ќе биде прогласуван за најдобар голман во Грција. Ќе биде и Олимписки и младински репрезентативец на Југославија. Во летото 1988 година, постојат преговори за враќање во Беласица и да брани во единствена Втора југословенска лига, но нема да дојде до реализација.

По завршувањето на кариерата, еден период е и селектор во Јужна Америка.

Благој бил и тренер во младинските категории на Вардар. Заедно со Љупчо Димовски, како тренери, го освојуваат младинскиот куп на Македонија, во 2003 година.

Голема голманска кариера, која започнала во Беласица од Струмица.

Кариера

Беласица

Настапи
46

Фотографии

  • Благој Георгиев - Шкоро