
Благој Ашиков
- Играч
- Тренер
1963–1970
Биографија
Благој Ашиков, легендарен офнзивен играч на Беласица, Тиверија и Брегалница Штип, но и тренер на Беласица, Тиверија, Победа (В) и Вардарски.
Во Беласица игра 4 сезони и одигрува 67 првенствени натпревари и постигнува 23 голови.
Кариерата ја започнува во Тиверија, со која во сезоната 1962/63 стануваат шампиони на Штипски потсојуз. Летото 1963 година, заедно со М. Џидалов, А. Трајков и С. Босиљанов преминуваат во Беласица. Есента 1963 година за Беласица на 8 натпревари постигнува 5 голови. Дебитира на 22 години, против Работнички од Скопје, првиот гол го дава со Вардар Неготино, а со Југохром од Тетово постига хет трик. Во јануари 1964 година, преминува во Брегалница од Штип, каде дава уште 7 голови и помага на Брегалница да влезе во Втора југословенска лига - Исток. Во Брегалница останува три и пол сезони, се до летото 1967 година. Во тој период во Брегалница Штип ќе играт и други Струмичани: М. Џидалов, Б. Пандев, Р. Божинов и Р. Котев. Ашиков е еден од најдобрите фудбалери на Брегалнуца Штип во тој период. Игра пролетта неколку натпревари и за Предилец од Струмица. Летото 1967 година, пак се враќа во Беласица. Станува капитен на екипата и во сезоната 1967/68 постигнува 7 голови и е трет стрелец на тимот. Во следната сезона повторно постигнува 7 голови и пак е трет стрелец на тимот. Во последната негова сезона (1969/70) за Беласица постигнува 4 голови и е дел од атомскиот напад (Чинков, Пантазиев, Георгиев, Ашиков и Џидалов), кој постигнува 41 гол. Последните два голови ги дава со Љуботен, а последен натпревар му е против Пелистер во Битола.
Последната негова играчка сезона е 1971/72 во Тиверија, кога стануваат вицешампиони на Брегалнички регион, но во квалификациите за влез во Прва македонска лига, не успеваат да победат во финалето против 11 октомври од Прилеп.
Потоа ја започнува тренерската кариера, како помошник на Д. Џртев во Тиверија, водејќи ја Тиверија 1973/74 во првата нејзина сезона во Прва македонска лига, до 12-то место. Во летото 1974, како тренерски тандем заминуваат во Победа Валандово, а со нив ќе заминат и играчите Вукшан и Почек и Аљоков од Беласица. Во Валандово ќе останат до 1977 година. Во летото 1977 година се враќат во Струмица, Ашиков и Џртев, но сега како тренери на Беласица. Во 1979 година, Ашиков станува прв тренер на Тиверија. Во 1981 година е помошен тренер на Шијаковиќ во Беласица. Во 1988 година во Втора единствена лига, Ашиков, заедно со Џртев и Божинов ќе бидат помошници тренери на Истатов. Во 1989 година ќе биде тренер на Вардарски, за да пролеета 1990 биде повторно тренер на Победа од Валандово. Во 1990/91 станува повторно тренер на Беласица, а негов помошник е Блаже Митев. Во 1992 година го предводи тимот на Вардарски, во Прва македонска лига.
Богата играчка и тренерска кариера, почитуван од страна на многу генерации како соиграч и тренер.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 66
- Голови
- 23
Периоди
- Тренер
- 1990–1991
Фотографии

July 1, 2023
Црно-бел портрет на Благој Ашиков во бел дрес