
Атанас Мастев
- Играч
јануари 1977 – декември 1980
Биографија
Атанас Мастев, фудбалер од средината на теренот, кој настапувал за Беласица во периодот од јануари 1977 до декември 1980 година. Вкупно има одиграно 75 првенствени натпревари во 5 различни сезони.
Сениорската кариера ја започнува во Тиверија, каде игра сезона и пол. Дебитира есента 1975 против Рудар во Пробиштип во Првата македонска лига. Во есенската полусезона, 1976 доживува потполна играчка афирмација, кога одигрува 14 лигашки натпревари за Тиверија во Брегалничкиот регион и постигнува два гола.
Во јануари 1977 година, како млад и екстра талентиран играч преминува во Беласица. Дебитира, април 1977 година против Слога во Скопје и оваа полусезона игра на 7 првенствени натпревари. Сезоната 1977/78 е најуспешна за него, кога настапува на 31 лигашки натпревар. Следната сезона во есенскиот дел ќе биде стандарден на сите 17 натпревари во супер тимот на Беласица со повратниците Истатов, Дрвошанов, Аљоков, Б. Митев, Н. Секулов,... Но пролетта 1979 година, започнуваат проблемите со повредата. Во сезоната 1979/80 настапува на 10 лигашки натпревари, а во есенскиот дел од сезоната 1980/81, настапува на 9 натпревари. Единствениот свој гол за Беласица го постигнува оваа есен против Напредок од Кичево, кога е и играч на натпреварот. Последниот натпревар го одигрува во декември 1980 година со Победа во Прилеп. По оваа полусезона, 1981 година ја поминува во ЈНА.
Заради хронични проблеми со повредите една надежна кариера, која ветуваше големи успеси, ќе биде предвреме завршена.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 75
- Голови
- 1
Фотографии

Атанас Мастев