
Атанас Малинов - Пата
- Играч
1966–1971
Биографија
Атанас Малинов - Пата е поранешен фудбалер на Беласица. Ги поминува младинските категории на Беласица. Во сезоната 1964/65 е дел од младинската екипа на Беласица, која го освојува купот. Ова е генерацијата, на чиј гол е Истатов, капитен е Т. Семенков, а играле и М. Чинков, Р. Панчуров, Ѓ. Маринов, И. Камиларов,... За Беласица дебитира во април 1966 година против Љуботен во Тетово. Вкупно во оваа сезона игра на 3 натпревари. Следната сезона,1966/67, игра на 13 натпревари, а го постигнува и својот прв гол против Пелагонија од Битола. Пролетта 1968 е стандарден во екипата на Беласица, покрај: Семенков, Пантазиев, Џидалов, Ашиков,Трајков, Дрвошанов,... Есента 1968 постигнува 3 гола на 11 натпревари, од него поефикасни се дамо: Георгиев, Џидалов и Пантазиев. Во 1969 година е во ЈНА. Во Беласица пак заигрува, во април 1970 и ги одигрува последните 7 натпревари. Во сезоната, 1970/71, игра на 9 натпревари. Есента 1971, ги одигрува своите последни два натпревари за Беласица, против Маврово од Гостивар и Осогово.
За Беласица во 7 сезони одигрува, 60 натпревари и постигнува 5 гола.
Во јануари 1972 година преминува во Тиверија. Дел е од тимот на Тиверија, кој се изборува да игра бараж за влез во Првата македонска лига. Во одбранбениот дел игра покрај: Ѓ. Димитриев, Ѓ. Ќучуков, Ѓ. Митрв, Ѓ. Маринов и Б. Србаков. Малинов и следната сезона е дел од Тиверија и тимот, кој ќе ја освои титулата во Брегалничкиот регион. Негова последна полусезона е есенската 1973 година, кога ќе игра со Тиверија во Прва македонска лига. Ќе одигра 5 натпревари, а последен му е против 11 октомври од Прилеп. Вкупно во Тиверија ќе одигра во 3 сезони околу 35 натпревари и ќе постигне 5 гола.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 60
- Голови
- 5
Фотографии

Атанас Малинов - Пата