Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Атанас Грнчаров

  • Играч

1972–1983

Биографија

Атанас Грнчаров, легендарен македонски и струмички елитен дефанзивец. Во Беласица има настапувано во 4 сезони и одиграно 61 првенствен натпревар. Потекнува од младинската школа на Беласица. Дебитира на 17 години против Караорман во Струга, во мај 1972 година. Во следната сезона 1972/73 е стандарден центархалф и одигрува 29 натпревари. Во сезоната 1973/74, ја игра само есенската полусезона за Беласица, вкупно 14 натпревари. Одбраната на Беласица, пред голманот Б. Георгиев ја сочинувале: И. Андреев (Манолев), М. Николов, Р. Урдинов, А. Грнчаров и П. Бинев (Р.Анчев). Во јануари 1974, како еден од најмладите и најдобрите дефанзивци во Македонија преминува во ФК Вардар од Скопје. Во ФК Вардар ќе игра вкупно 9 сезони и ќе настапи на 166 првенствени натпревари. Ќе игра 6 сезони за ФК Вардар во Првата југословенска лига. Ќе важи за бескомпромисен борец и столб во одбраната. Ќе биде дел од легендарната струмичка тројка: В. Рингов, Б. Георгиев и А. Грнчаров. Во јануари 1983 во зимскиот преоден рок се враќа во Беласица, заедно со П. Блажевски и З. Милосовски. Троицата ќе се големи засилувања и заедно со повратнициге од ЈНА ( П.Андреев и Б. Митев) ќе помогнат Беласица да стане шампион на Македонската лига. Одигрува 14 натпревари на позиција десен бек, во цврстата одрбрана која ја сочинуваат покрај него, уште Б.Митев, В. Дрвошанов, К.Секулов и Р. Панов, а на голот е Д. Георгиев. Последен негов натпревар за Беласица е против Вардарски во Струмица. По оваа полусезона, пак се враќа во Скопје, но ќе настапува сега за Металург, каде ќе одигра неколку сезони.

По завршувањето на играчката кариера, ќе биде фудбалски судија. Татко е на Боби Грнчаров, поранешен фудбалски репрезентативец и интернационалец, а сегашен тренер на ФК Вардар. И вториот негов син, Тони Грнчаров е поранешен кошаркарски репрезентативец, кој покрај во МЗТ Скопје, играше и во тимот на КК Струмица 2005, со кој стана шампион на Македонија во 2007 година.

Кариера

Беласица

Настапи
61

Фотографии

  • Атанас Грнчаров