Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Андреј Чернишов

  • Тренер

Биографија

Тренер на ФК Беласица во сезоната 2020/21.

Како играч настапуваше за клубови Динамо Москва, Спартак Москва, Штурм Граз, ПАОК како и за репрезентацијата на СССР, па подоцна и Русија, а се закити со шампионски титули во руското првенство, австрискиот куп, Европско првенство до 21 година. Беше и 3 пати прогласуван за најдобар дефанзивец во руското првенство и еднаш прогласуван за најдобар странски играч во Австрија.

Богатата тренерска кариера ја започнува во репрезентацијата на Русија до 21 година, каде под негово водство беа промовирани фудбалери како Андреј Аршавин, Игор Акинфеев, Роман Павличенко, Јури Жиркоф, Александар Кержакоф. Својата кариера ја продолжува како прв асистент на репрезентацијата на Русија, за подоцна да седне на кормилото на Спартак Москва. Во своето CV како шеф на стручен штаб ги придодава и екипите на Динамо Тбилиси, Спартак Суботица, како и неколку екипи од Саудиска Арабија и Кувајт.

Кариера

Периоди

Тренер
2020–2021

Фотографии

  • Андреј Чернишов