Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Александар Ушаков

  • Играч

1950–1960

Биографија

Александар Ушаков е поранешен голман на Беласица од педесетите години на минатиот век. Прв пат на голот на Беласица застанува пролетта 1950 година и во таа сезона е стандарден и брани на 10 натпревари. Во оваа генерација на Беласица покрај Ушаков се и: Ѓорѓи Панов, Тимо Ефтимов, Методи Трендов - Јамболот, Кочо Ќосев, Илија Николов - Моторетката,... Ушаков во следните сезони ќе го сочинува голманскиот тандем на Беласица, заедно со Ристо Гошев - Голијата. Во сезоната, 1952/53, Беласица игра во Штипски потсојуз, а од извештаите што ги имаме Ушаков е прв голман на тимот, а во составот се и: А. Трендов, С. Киров, Т. Вангелов, С. Џорлев, М. Панов,... Беласица во сезоната 1953/54, за прв пат игра во Првата македонска лига, а Ушаков е прв голман на Беласица. Во следната сезона, 1954/55, Беласица пак е во Прва лига и го освојува 6-тото место. Во сезоната 1955/56 со Р. Гошев, пак се голмански тандем, а Беласица е првак на Штипски потсојуз. По големиот успех во квалификациите и влезот во 4-тата зона, на почеток на сезона ќе брани Р. Гошев. Во последните три есенски натпревари против Работнички, Раднички Крагуевац и Трепча брани Ушаков. Во пролетната 1957 сезона, и Ушаков и Гошев ќе бранат по 6 натпревари, но Беласица испаѓа. Во сезоната, 1957/58, Беласица е шампион на Штипски потсојуз. Во сезоната, 1958/59, Беласица пак е во Прва македонска лига, а на последните натпревари, на 3 брани Ушаков, а на 4 брани Гошев. Во последните две сезони, Ушаков ќе брани малку, а последен натпревар во дресот на Беласица му е против Караорман во Струга, во септември 1960 година. Ушаков би требало да има брането на околу 100 натпревари за Беласица и заедно со Гошев ќе бидат цела деценија голмански тандем на Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
60

Фотографии

  • Александар Ушаков