Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Александар Трендов

  • Играч
  • Претседател

1950–1959

Биографија

Александар Трендов е поранешен легендарен фудбалер на Беласица, од 50-тите години на минатиот век. Трендов е дел од подмладокот на Беласица, кој во 1950 година ќе влезе меѓу најдобрите 4 екипи во младинското првенство на Македонија. Од 1951 година почнува да настапува за првиот тим. Со Беласица во сезоната, 1952/53, А. Трендов, настапува во Штипскиот потсојуз. Во сезоната, 1953/54, А. Трендов игра со Беласица, во Првата македонска лига и постигнува голови против Тиквеш и Текстилец. По две сезони во Македонската лига, Трендов и Беласица, во сезоната 1955/56, пак ќе играат во Штипски потсојуз. А. Трендов со Т. Панов се столбови на одбраната и помагаат Беласица да стане шампион. Летото 1956 е центархалф на двата натпревари против Пелистер. Во сезоната, 1956/57, во 4 зона, ќе настапи на 14 натпревари. Првиот натпревар ќе го одигра во Ниш, против Раднички. По испаѓањето на Беласица од 4 зона, Беласица ќе игра во Штипски потсојуз, 1957/58, а Трендов ќе постигне еден гол против Малеш. Беласица во сезоната, 1958/59, пак е во Македонска лига, Трендов е дел од 14-те играчи, кои најчесто играат во првиот тим, а постигнува и гол на гостувањето против КСК, во Куманово. Негова последна сезона е 1959/60. На натпреварот против Братство од Гостивар, во 6-тото коло, во октомври 1959 година, се простува од активното играње на фудбал. Беласица му дава и пригоден поклон, за да го одбележи неговиот 10 годишен јубилеј, како дел од Беласица. А. Трендов на овој натпревар постигнува два гола. Во оваа сезона на 6 натпревари, ќе постигне 8 гола и тоа му е најефикасна сезона. Во сезоната, 1977/78, Александар Трендов ќе е претседател на управата на клубот и веројатно е единствен фудбалер на Беласица, кој бил и претседател на овој клуб.

Кариера

Беласица

Настапи
100–110

Периоди

Раководство
1977–1978

Фотографии

  • Александар Трендов