Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Александар Трајков

  • Играч

1963–1969

Биографија

Александар Трајков-Чанда, легендарен играч и тренер на Беласица. За Беласица има одиграно 134 првенствени натпревари во 6 сезони во периодот од 1963 до 1969 година и постигнува 5 голови. Трајков кариерата ја почнува во Тиверија во сезоната 1962/63, по што во летото 1963 година, заедно со Џидалов и Ашиков преоѓаат во Беласица. Дебитира во ноември 1963 година против Тиквеш од Кавадарци. Пролетта 1964 година станува стандарден играч во одбранбената петорка. Оваа сезона Беласица го освојува второто место во Првата македонска лига. Првиот првенствен гол го постигнува против Тетекс од Тетово во пролетта 1965 година. Во сезоната 1965/66, заедно со Д. Џорлев, ќе се единствените кои играле на сите 26 натпревари. Вкупно во периодот од март 1965 до мај 1967 година ќе настапи на 61 натпревар последователно. А и во сезоните 1967/68 и 1968/69 ќе ги одигра сите лигашки натпревари за Беласица.

Летото 1969 г., заедно со В. Дрвошанов одат во Победа Прилеп, каде веќе од претходната сезона (1968/69) настапувал младиот голман, Б. Истатов. Во Победа Прилеп, Трајков ќе настапува три сезони во Втората југословенска лига - исток. Сезоната 1972/73 оди во ЈНА. Летото 1973 г. се враќа како најголемо засилување на новиот македонски прволигаш, Тиверија. Во првата сезона ќе игра на 33 првенствени натпревари. Во летото 1974 г. во исто време ќе биде назначен за тренер и играч, па во следните две сезони ќе настапи уште на 32 натпревари во Првата македонска лига и ќе постигне 2 гола. По играчката кариера, ќе има и тренерска кариера. Долги години бил тренер на младинските категории во Беласица, но исто така му бил помошен тренер на Истатов во Беласица во неколку сезони.

Кариера

Беласица

Настапи
134
Голови
5

Фотографии

  • Александар Трајков