
Александар Стојановски
- Играч
2004–2009
Биографија
Александар Стојановски, поранешен напаѓач на Беласица и најдобар стрелец на Првата македонска лига во дресот на Беласица.
Кариерата ја почнува во своето Куманово, од каде успева да стане и репрезентативец на Македонија во младинските категории, играјќи покрај Пандев, Стојков, Балдовалиев,... Првите сезони ги игра во Куманово, а потоа летото 2002 оди во Вардар. Во сезоната 2003/04 настапува во дресот на Работнички, за да во јули 2004, на 21 година премине во Беласица. Сезоната 2004/05 во Беласица ќе биде прв лидер на тимот и со 26 гола, заедно со С. Ристиќ од Силекс, ќе се најдобри стрелци во лигата. Ќе дебитира против Маџари, а веќе во следното коло со Цементарница ќе ги постигне своите први два гола. Играјќи во нападот со Д. Савиќ, С. Пандев, Г. Стојановски ќе постигне 13 гола во есенскиот дел. Пролетта 2005, ќе продолжи со добри игри, против Слога Југомагнат постигнува 5 гола, за победа од 5:3. Следното коло во Кичево постигнува хет трик против Напредок. На крај 26 гола, во 32 натпревари, за 7-мо место на Беласица и последна сезона, кога екипата се натпреварувала во Прва лига, а да не испадне. Следната сезона, го игра само првиот натпревар против Шкендија и оди во Цибалија, во Хрватска. Сезоната 2006/07, ја поминува во Победа од Прилеп, заедно со Д. Савиќ и ќе станат шампиони на Македонија. Летото 2007 година преминува во Беласица од Петрич, каде ќе остане само една сезона. Во јули 2008 година, пак се враќа во Струмица и во Беласица. Во оваа сезона, 2008/09, пак ќе биде најдобар стрелец на Беласица, но сега со 8 гола пред В. Георгиев и М. Шишков со 6 гола. Најдобриот натпревар во оваа сезона ќе го одигра против Кожуф, кога ќе даде хет трик. Последен негов натпревар за Беласица е против Шкендија во Тетово, во мај 2009 година. Вкупно ќе одигра 23 натпревари во оваа сезона. Во Беласица во 3-те сезони ќе одигра вкупно 56 натпревари и ќе постигне 34 гола и ќе биде два пати најдобар стрелец на Беласица.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 56
Фотографии

Александар Стојановски