Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Александар Стојанов

  • Играч
  • Тренер

2001–2014

Биографија

Александар Стојанов е сегашен спортски директор и поранешен тренер на Беласица, младински репрезентативец на Македонија и играч на Беласица, Турново, Победа Прилеп и Корзо.

Дел е од славните генерации (1983, 1984) на фудбалери на Беласица, кои учествуваа неколку пати на турнирот во Виареџо и го привлекоа вниманието на италијанските калчолигаши. По Г. Пандев и А. Стојков, тој е третиот фудбалер на Беласица кој бил на проба во Италија, односно во Милан. Легендите на миланскиот клуб, М. Тасоти и Ф. Барези, биле презадоволни од неговите настапи во Милан.

Со кадетите на Беласица освојува двојна титула во 2001, а со младинците го освојува купот на Македонија во 2002 година. Ќе игра и за младинската репрезентација на Македонија.

Стојанов има настапувано за сениорскиот тим на Беласица во 11 сезони и има околу 135 првенствени натпревари. Дебитира за Беласица против Победа во Прилеп, во мај 2001 година, на 16 години. Во четири сезони (2001-2004) во Беласица, настапува на 28 првенствени натпревари и дел е од тимот кој два пати беше вицешампион на Македонија во 2002 и 2003 година.

Летото 2004 година преминува во Победа од Прилеп, а потоа во силниот второлигаш, тимот на Турново. Има тешка повреда на коленото, по што паузира цела година. Во пролет 2007 година се враќа во Беласица и ќе остане сè до летото 2009 година. Тогаш по втор пат оди во Победа од Прилеп и ќе остане една сезона. Летото 2010 година оди во Турново, кој игра во Првата македонска лига.

Поминува една и пол сезона во Турново и пак се враќа во Беласица во јануари 2012 година и ќе остане до декември 2012 година. Ќе игра пролетта 2013 една полусезона во Шкупи. Во сезоната 2013/14 игра на 21 натпревар, а во сезоната 2014/15 е тренер-играч во Беласица и игра на 2 натпревари, кои се последни во неговата кариера.

По играчката кариера, има и богата тренерска кариера. Во три наврати бил главен тренер на Беласица (2019, 2021/22 и 2023-25) и помошен тренер и координатор на младинските категории во Академија Пандев. Во август 2023 е назначен за координатор на младинските категории во Беласица, а од ноември 2023 ја презема и првата екипа. Од октомври 2025 година е спортски директор на Беласица.

Син е на Трајче Стојанов, кој играл во младинските категории во Беласица, а сениорската кариера ја има поминато во Тиверија (1973-1980), кога играла и три сезони во Прва македонска лига.

Кариера

Беласица

Настапи
135

Фотографии

  • 2025

    Александар Стојанов.

  • Александар Стојанов