Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Александар Милушев

  • Играч

2004–2025

Биографија

Александар Милушев, сегашен капитен на Беласица, е долгогодишен лев бек на Беласица, Хоризонт, Работнички и Металург. Младински репрезентативец е до 19 години. За Беласица оваа сезона (2025/26) ја игра својата 10 сезона. Досега има одиграно 209 првенствени натпревари и постигнато 35 гола.

Ги поминува сите младински категории во Беласица. За сениорите дебитира во ноември 2005 година, на свои 17 години. Во оваа своја прва сезона игра вкупно на 10 натпревари. Со младинците на Беласица, во февруари 2006 година игра на турнирот во Виареџо, каде ја победуваат Џенова. Својот прв гол за Беласица го дава во последното коло, есента 2006 година, против Илинден од Велмеј. Оваа сезона, 2006/07, игра на 21 натпревар и е стандарден во составот. Милушев игра и на два натпревари за младата репрезентација на Македонија до 19 години. Летото 2007 г. оди во Металург од Скопје, каде останува во следните две сезони. Летото 2009 година преминува во силната екипа на Хоризонт од Турново и игра 4 сезони и 110 првенствени натпревари. Во сезоната 2012/13, со Хоризонт Турново го освојува третото место во Македонија, во тимот во кој играат и: З. Балдовалиев, Д. Блажевски, Д. Митрев, С. Димовски…

Летото 2013 оди во екипата на Работнички. Со Работнички ја освојува двојната круна, а тој игра стандардно во тимот на 33 натпревари. Ја започнува и сезоната 2014/15 во Работнички, игра и во квалификациите за влез во Лигата на шампионите против Хелсинки, но Работнички не успева во овој двомеч. Во септември 2014 година повторно се враќа во Хоризонт Турново и останува една и пол сезона. Во јануари 2016 година оди во Швајцарија, каде игра до јули 2018 година. Летото 2018 година, по 11 години, се враќа во Беласица. Беласица за прв пат игра во Првата македонска лига, по 12 години. Милушев игра на 29 натпревари во состав во кој играат уште и: Вујанац, Ј. Серафимовски, Сулев, Митевски, Маслац, Џонов, Балдовалиев, Др. Стојков, Мирчевски, Вујчиќ, Дробаров, Савиќ, Калпачки, П. Георгиев… Овој состав стигнува до полуфиналето на купот на Македонија.

Во сезоната 2019/20, Беласица пак е во Втората македонска лига, а Милушев игра на 15 натпревари и дава 5 голови. Беласица пак се враќа во Првата македонска лига. Во сезоната 2020/21 за Беласица игра на 30 првенствени натпревари, што е најмногу во тимот, но Беласица испаѓа. Во сезоните 2022/23 и 2023/24 е прв стрелец на екипата. Во последната сезона, 2024/25 ги игра сите 30 натпревари. Милушев е играч кој дефинитивно ќе остане запеметен како еден од најистакнатите леви бекови во историјата на Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
239
Голови
35

Фотографии

  • Александар Милушев

  • Александар Милушев