Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Александар Крстев

  • Играч

2004–2011

Биографија

Александар Крстев е поранешен играч на Беласица, Хоризонт, Победа од Прилеп и Тиквеш. Крстев е дел од славната генерација на Г. Пандев,А. Стојков, Џ. Балдовалиев, Д. Масев,... Со оваа генерација во 1998 година, Крстев ќе биде дел од пионерската екипа, што ќе го освои купот на Македонија во пионерска конкуренција. Во следната, 1998/99, Беласица со Пандев, Стојков, Крстев,...ќе ја освои дуплата круна во кадетска конкуренција. Во следната 1999/2000, оваа генерација на Беласица ќе игра и во финалето на младинскиот куп против Вардар. Во 2002 година заминува во второлигашот Турново, каде ќе игра две сезони. Во летото 2004 година се враќа во Беласица. Крстев во сениорскиот достав на Беласица за прв пат дебитира против Цементарница во Скопје, во август 2004 година. Во натпреварот против Напредок во Кичево, го постигнува и својот прв гол. Во оваа есенска сезона е стандарден во одбраната на Беласица покрај М. Стојков, С. Димов, М. Мицков, З. Штерјовски,... Вкупно ќе одигра 14 натпревари пред во март 2005 година, да премине во второлигашот, Турново и игра во одбраната покрај Танушев, Стоев, Иванов,Стоилов, Атанасов.... По одигрувањето на пролетниот дел во Турново преминува во Победа од Прилеп. Есента 2005 ќе игра за Победа од Прилеп и ќе игра во двомечот во купот на УЕФА против Хамбургер. Во јануари 2006 година се враќа во Беласица и ќе одигра 11 натпревари. Летото 2006 година, пак се враќа во Турново и ќе игра во Втората македонска лига покрај: Ташев, Стоилов, Христовски и Петковски. Во јануари 2007 година се враќа во Беласица и ќе одигра 8 натпревари и ќе постигне 1 гол. Крстев ќе продолжи да игра за Беласица и во есенската 2007 полусезона во која ќе одигра 12 натпревари и ќе постигне 1 гол.

Во јануари 2008 година преминува во тимот на Турново и успева да помогне во освојувањето на титулата во Втората македонска лига. Во есенскиот дел, Крстев ќе игра за Хоризонт Турново и во Првата македонска лига. Но, во пролетта 2009 година пак ќе се врати во Беласица и ќе настапи на 6 натпревари. Летото 2009 година преоѓа во Тиквеш од Кавадарци. Последната полусезона на Крстев во Беласица ќе биде пролетта 2011 година, кога ќе настапи на 12 натпревари. Последен негов натпревар е против Локомотива во Скопје. Во Беласица, Крстев вкупно ќе игра во 6 различни сезони и ќе одигра 63 првенствени натпревари и ќе постигне 4 гола.

Кариера

Беласица

Настапи
63
Голови
4

Фотографии

  • Александар Крстев