
Александар Коцев
- Играч
2020–2025
Биографија
Александар Коцев (2003), статистика во Беласица (сезона — натпревари/голови): 2019/20 — 2/0; 2020/21 — 19/1; 2021/22 — 26/12; 2022/23 — 27/6; 2023/24 — 26/5; 2024/25 — 15/4; 2025/26 — 3/2. Вкупно — 118 натпревари и 30 гола.
Александар Коцев е еден од најдобрите играчи на денешна Беласица, на кој се темели оптимизмот за враќање во Прва лига. На 11 години започнува да тренира во Академија Пандев, за на 14 години, во октомври 2017 година, да премине во пионерите на Беласица. Коцев настапува за кадетите и младинците на Беласица. Коцев станува и репрезентативец на Македонија до 19 години (април 2021 против Црна Гора) и до 21 година (јуни 2022 против Босна). За сениорскиот тим на Беласица дебитира во февруари 2020 година, на свои 16 години и 10 месеци, на натпреварот против Осогово во Кочани. Вкупно во сезоната 2019/20 настапува на два натпревари во Втората македонска лига - исток, сезона кога првенството е прекинато во март 2020, заради ковид пандемијата, а Беласица станува шампион. Во следната сезона, Беласица е во Прва македонска лига, а Коцев својот прв натпревар во оваа сезона го одигрува против Силекс, а својот прв гол го постигнува против Македонија од Ѓорче Петров. Вкупно, Коцев одигрува 19 натпревари за Беласица во оваа сезона. Беласица во сезоната 2021/22 пак игра во Втора македонска лига, а Коцев ја доживува својата полна играчка афирмација. Коцев со 12 гола на 26 натпревари е прв стрелец на тимот. Во следната, 2022/23, Коцев одигрува 27 натпревари и постигнува 6 гола, со што е втор стрелец на тимот. Во сезоната, 2023/24, Коцев одигрува 26 натпревари и со 5 гола, пак е втор стрелец на тимот, веднаш зад, А. Милушев. Летото 2024 ја напушта Беласица и во есенската полусезона настапуваше за тимот на Црна Река, во футсал лигата на Македонија. Во јануари 2025, пак се враќа во Беласица и ги игра сите 15 првенствени натпревари. На овие натпревари постигнува и 4 гола, од кои 3 одлучувачки за победа и на тој начин покажува дека е душата на денешна Беласица и успесите на клубот и во оваа сезона ќе зависат од неговите добри игри. Вкупно во дресот на Беласица има одиграно 118 првенствени натпревари и има постигнато 30 гола, со што е меѓу 25-те најдобри стрелци на тимот во историјата.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 130
- Голови
- 28
Фотографии

Александар Коцев