Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Александар Багашовски

  • Играч

2010–2017 (со прекин 2014–2017)

Биографија

Александар Багашовски е поранешен фудбалер на Беласица, Силекс, Трепча и Академија Пандев. Потекнува од младинската школа на Беласица. За првиот тим на Беласица дебитира на 16 години и 4 месеци на натпреварот против Локомотива во Скопје, во април 2010 година. Багашовски ќе одигра 9 натпревари до крајот на сезоната, станувајќи стандарден во одбраната на Беласица. Во следната сезона, 2010/11, Александар ќе одигра 8 натпревари за првиот тим на Беласица. Во последната сезона на Беласица, во Втората македонска лига, Багашовски ќе одигра 13 натпревари, покрај С. Петковски, К. Чачев, Б. Ужевски,... Багашовски ќе остане да игра за Беласица и во сезоната, 2012/13, кога тимот ќе игра во Третата македонска лига- исток. Настапува за Беласица на турнирот во Виареџо во 2013 година и игра против Аталанта, Сиена и Бриж. Во сезоната, 2013/14, за Беласица одигрува 19 натпревари и помага во освојувањето на титулата во Третата македонска лига - исток. Летото 2014 година преминува во редовите на прволигашот, Силекс од Кратово. Во декември 2014 година е повикан во репрезентацијата на Македонија до 21 година. Во првата своја сезона, 2014/15, во Силекс одигрува 18 натпревари. Во следната сезона одигрува 1 натпревар за Силекс, по што заминува во тимот на од Швајцарија. Во јули 2016 година се враќа во Струмица, но сега во екипата на Академија Пандев, каде одигрува 17 натпревари за Академија Пандев и помага во освојувањето на титулата во Втората македонска лига. Летото 2017 година се враќа во својот матичен клуб, Беласица, каде ќе ги одигра своите последни 7 натпревари во дресот на Беласица, со која ќе ја освои есенската титула во Втората македонска лига. За Беласица ќе игра 6 сезони и ќе одигра над 80 натпревари. Во јануари 2018 година заминува во екипата на Трепча, шампионот на Косово. Во јули 2018 заминува во Швајцарија, каде ќе игра последните 6 сезони за екипите на Србија, Гренчен 15 и Македонија.

Кариера

Беласица

Настапи
80–87

Фотографии

  • Александар Багашовски