Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Алекса Пандев - Леце

  • Играч

1981–1988

Биографија

Алекса Пандев - Леце, офанзивен играч на Беласица,кој настапува за неа во периодот од 1981 до 1988 година. Настапува вкупно на 64 лигашки натпревари во 7 различни сезони.

Пандев дебитира во април 1981 година против Вардар од Неготино, на свои 18 години, а првиот гол го постигнува два месеци подоцна, на натпреварот со Тиквеш во Струмица. Следната сезона (1981/82) е најуспешна за него, настапува на 20 лигашки натпревари и постигнува 6 голови, со што е трет стрелец на тимот. На средбата со Кожуф постигнува два голови. Во шампионската сезона,1982/83, настапува на 17 лигашки натпревари. Есента 1983 година настапува на три натпревари во Втората југословенска лига - Исток, по што пролетта 1984 година настапува за Дојранско Езеро, заедно со Мафков, Оздоленовски и В. Митев. Есента 1984 година повторно настапува за Беласица на 6 натпревари во Втората југословенска лига. Сезоната 1985/86 ја поминува во ЈНА. Есента 1986 се враќа во Беласица и игра на два натпревари, за да напролет 1987 година, заедно со Стојменов заминат во Вардарски од Богданци. Есента 1987 повторно се враќа во Беласица и настапува на 10 лигашки натпревари. Својот последен гол за Беласица го постигнува против Охрид (есента 1987), а напролет 1988 година против Охрид го игра и својот последен натпревар за Беласица.

Загинува во авионска несреќа, 1993 година, на само 30 годишна возраст.

Во неговото родно Зубово,во периодот 1994-2009 година, секој февруари се одржува меморијален турнир "Алекса Пандев - Леце", во негова чест. На турнирот во 16 изданија учествуваа екипите на: Тиверија (6 пати победник), Беласица (2 пати победник), Малеш (2 пати победник), Брегалница Штип, Вардарски, Победа Валандово, Рудар Пробиштип, Турново, Дојранско Езеро, Струмешница Зубово, Младост Сушица,...

Кариера

Беласица

Настапи
64

Фотографии

  • Алекса Пандев - Леце