Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Аце Стојанов

  • Играч
  • Тренер

Биографија

Аце Стојанов е поранешен фудбалер и тренер на повеќе фудбалски клубови, меѓу кои и на: Беласица, Тиверија и Хоризонт. Играч од средината на теренот, со префинета техника. Својата фудбалска кариера ја почнува во младинската школа на Беласица. Една сезона ќе помине и во тимот на Победа од Дабиле, кога оваа група се бори за влез во Втората фудбалска лига. Стојанов ќе е миленик на публиката со своите одлични игри. Пролетта 1994 преминува во Тиверија, која се натпреварува во Втората македонска лига - исток. Стојанов забележува 9 натпревари, а дебитира против Победа од Валандово. Во екипата покрај него се: М.Алачки, Т. Секулов, П. Ристовски, Г. Палифров,... Летото 1995 година преминува во Беласица. Ќе дебитира против Љуботен, септември 1995, а ќе игра и против: Силекс и Пелистер. Во сезоната, 1997/98, дел е од тимот на Тиверија, кој се изборува за влез во Втората македонска лига. Покрај него играат: М. Алачки, Ј. Тренчовски, В. Велков, Р. Атанасов, М. Петров,.... Во сезоната, 1998/99, одигрува 18 натпревари за Тиверија во Втората македонска лига. Во својата кариера како фудбалер ќе ги брани боите на: Влазрими од Струга, Вардарски од Богданци, Победа од Валандово и Хоризонт од Турново.

По завршувањето на играчката кариера, ќе остане во фудбалот и ќе започне со тренерската работа. Ќе работи во тимот на Нов Милениум од Сушица, кој во 2007 влегува во Втората македонска лига. Пролетта 2009 застанува на чело на тимот на прволигашот, Хоризонт од Турново и ќе успее да го донесе до 6-то место. Следната 2009/10, Стојанов во есенскиот дел го освојува 4-то место со Хоризонт. Негов помошник е Ристо Анчев, а во тимот се: Д. Георгиев, С. Пандев, М. Андонов, Р. Христовски, Д. Митрев, М. Ташев, С. Димовски,... Во следните три сезони 2010/11, 2011/12 и 2012/13 е на чело на екипата на Тиверија, со која се натпреварува во Третата лига - исток, за да 2013 година со овој тим влезе во Втора македонска лига. Повторно негов помошник му е Р. Анчев. Во тимот играат: М. Јованов, Т. Андреев, Д. Блажевски, М. Алаѓозовски, Ј. Серафимовски,... Во сезоната, 2015/16, е главен тренер на Беласица, но завршува на трето место во Третата македонска лига - исток, а шампион е Академија Пандев. Потоа е спортски директор и координатор во Беласица. Последен негов ангажман беше координатор на младинските школи на Хоризонт.

Почивај во мир.

Кариера

Периоди

Тренер
2015–2016

Фотографии

  • March 8, 2024

    Аце Стојанов