Прескокни на содржина
ФК Беласица

2020-ти

„Сезона 2020/21“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2020/21“

Преглед

Оваа сезона Беласица пак се враќаво Првата македонска лига. Тимот во првите кола го предводи Ване Милков, а потоа на чело застанува Шефки Арифовски. Во летниот преоден рок, Беласица ја засилуваат: А. Каланоски од Победа од Прилеп, Р. Да Силва од Македонија Ѓорче Петров, М. Бајрами од Марибор, Ф. Михаилов од Академија Пандев... Голем хендикеп за тимот е заминувањето во Вардар на Мартин Мирчевски, најдобриот играч од претходната сезона. Тимот ја стартува сезоната очајно со 7 порази, а првата победа ја забележува во 11 коло против Академија Пандев. Есенскиот дел Беласица го завршува на последно место со 2 победи, 3 нерешени резултати и 13 порази, со само 9 бода и гол-разлика 12:41. Најчест стартен состав во есенскиот дел е: Д. Силјановски (Д. Ѓоргиев),З. Ивановски, А. Милушев, С. Сулев (А. Коцев), З. Митевски, Д. Калпачки (И. Паноски), Р. Да Силва, Д. Размоски, А. Каланоски, Ј. Серафимовски, М. Бајрами (Ф. Михаилов). Во пролетниот дел за тренер првин е назначен Ѓоре Јовановски, а потоа доаѓа рускиот стручњак, Чернишев. Ќе има големи промени во составот, доаѓаат: Вулиќ, Сево, Мијатовиќ, Андерсон, Демир, Гуџуфи... Од тимот си заминуваат: Ј. Серафимовски во Силекс, Д. Размоски во Пелистер, а Р. Да Силва се враќаво Македонија Ѓорче Петров. Беласица тргнува добро со гостинска победа над Ренова, со хет-трикот на А. Каланоски. Во следните 14 кола, Беласица игра многу слабо и забележува 11 порази, 2 нерешени резултати и 1 победа. Беласица на крајот, по 33 кола,завршувана последното 12 место, со 4 победи, 5 нерешени резултати и 24 порази, со гол-разлика 23:68. Најдобар стрелец на тимот е А. Каланоски со 8 гола, пред С. Сулев, З. Митевски и Б. Демир со по 2 гола. Најмногу натпревари за Беласица оваа сезона одигруваат: капитенот А. Милушев 30, Д. Калпачки 29, С. Сулев 28 и З. Ивановски 27 натпревари.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2020
Беласица — Силекс0:6
Работнички — Беласица2:0
Беласица — Шкупи0:2
Македонија ЃП — Беласица2:1Каланоски 7
Беласица — Шкендија (Тетово)0:3
Беласица — Пелистер0:2
Вардар (Скопје) — Беласица3:1Да Силва 56
Беласица — Ренова1:1Милушев 29
Струга — Беласица0:3
Беласица — Борец Велес2:2Каланоски 45 Сулев 72
Академија Пандев — Беласица1:2Митевски 41 Сулев 66
Силекс — Беласица0:1Каланоски 87
Беласица — Работнички2:2Размоски 18 Каланоски 58
Шкупи — Беласица3:1Ивановски 60
Беласица — Македонија ЃП1:3А. Коцев 41
Шкендија (Тетово) — Беласица2:0
Пелистер — Беласица1:0
Беласица — Вардар (Скопје)0:3
Пролетен дел 2021
Ренова — Беласица2:4Каланоски 42, 86, 90
Беласица — Струга1:2Каланоски 83
Борец Велес — Беласица2:1Митевски 17
Беласица — Академија Пандев0:0
Борец Велес — Беласица1:0
Беласица — Работнички1:1Гуџуфи 18
Струга — Беласица3:1автогол 88
Беласица — Македонија ЃП0:2
Шкупи — Беласица0:1Демир 11
Беласица — Шкендија (Тетово)0:3
Вардар (Скопје) — Беласица1:0
Беласица — Силекс1:3Демир 17
Ренова — Беласица3:1Калпачки 52
Беласица — Академија Пандев0:2
Пелистер — Беласица2:0

Статистика на играчи

Тренер: Ване Милков, Шефки Арифовски, Ѓоре Јовановски, Андреј Чернишов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1А. Вулиќ150
2З. Ивановски271
3А. Милушев301
4С. Сулев282
5М. Бајрами180
6Д. Калпачки291
7Ф. Михаилов260
8З. Митевски232
9А. Калановски268
10Р. Да Силва171
11Д. Размоски181
12Д. Силјановски100
13Ј. Серафимовски151
14Д. Стојков130
15Б. Демир132
16А. Коцев191
17С. Сево110
18Д. Аврамовиќ100
19И. Паноски80
20Д. Ѓоргиев80
21Б. Гуџуфи111
22О. Пеев80
23Д. Радојчиќ130
24Д. Трајановски100
25Х. Чукарски80
26Р. Митев60
27М. Мијатовиќ110
28Б. Јакимоски30
29М. Мирчевски30
30Н. Спасов40
31А. Тафе20
32Б. Истатов90
33А. Барбоса50
34С. Митовски20
35В. Коцев70
36Ф. Зиламов20

Табела

Пласман
12
Одиграни
33
Победи
4
Нерешени
5
Порази
24
Дадени голови
23
Примени голови
68
Бодови
17
Фотографија од табелата за „Сезона 2020/21“, скенирана од изворниот документ

Фотографии