Прескокни на содржина
ФК Беласица

2000-ти

„Сезона 2006/07“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2006/07“

Преглед

По испаѓањето од Првата македонска лига, Беласица ја напуштаатголем број играчи: Д. Савиќ, М. Ташев, А. Крстев, К.Чачев, В. Николов, С. Димов,О. Попчановски... Беласица се засилувасо Ѓ. Лиманов и З. Начевски и им се давашанса на младите фудбалери од својата школа. Лиманов со 9 гола енајдобар играч и стрелец, а најдобар натпревар ќе му биде против Вардар од Неготино,кога постигнува 4 гола. М. Алаѓозовски постигнува постигна 3 гола, а Станковски 2 гола. Прв голман на тимот е К. Захов, идниот репрезентативец на Македонија. Во есенскиот дел, Беласица на 18 натпревари забележува 6 победи, 4 нерешени резултати и 8 порази, со гол-разлика 22:26, освојувајќи 22 бода и завршувајќи на 8 место, пред Турново со 18 бода. Во зимскиот преоден рок, во тимот се враќаат: А. Стојанов и А. Крстев, а прв голман на тимот станува Р. Митев. На крајот, Беласица завршува на 9-тото место, избегнувајќи го најлошото, забележувајќи 4 победи во последните 4 кола. Првин со хет-трикот на М. Алаѓозовски е победен Илинден во Велмеј. Потоа, Беласица со двата гола на Г. Пројков го совладува Маџари. М. Алаѓозовски го постигнува голот за победа во Автокомонда против Металург, а во последното коло со голот на Г. Пројков е совладана екипата на Скопје. Беласица освојува 40 бода, притоа забележувајќи 11 победи, 7 нерешени резултати и 15 порази, со гол-разлика 36:59. Прв стрелец на тимот е Лиманов со 11 гола, пред М. Алаѓозовски со 7 гола, а овие двајца ќе имаат и најголем број одиграни натпревари. Ова е последна цела сезона кога Ванчо Таковски ќе е претседател на клубот.

Резултати и стрелци

Втора македонска лига

Втора македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2006
Беласица — Металург (Скопје)2:2Ѓ.Станковски 6 Ѓ.Лиманов 38
Караорман — Беласица2:0
Беласица — Тетекс0:1
Маџари — Беласица1:1М. Алаѓозовски 85
Беласица — Цементарница1:6Д.Јакимовски 76
Скопје — Беласица2:1Д. Стојков
Беласица — Илинден Велмеј3:0
Турново — Беласица1:0
Беласица — Милано Куманово0:3
Беласица — Слога Југомагнат3:1Ѓ. Лиманов 12 М. Алаѓозовски 34, 87
Вардар (Неготино) — Беласица0:5Ѓ. Лиманов 45, 67, 71, 90 М. Тимов 84
Металург (Скопје) — Беласица4:0
Беласица — Караорман0:2
Тетекс — Беласица0:0
Беласица — Маџари2:1Ѓ.Станковски 35 Ѓ.Лиманов 51
Цементарница — Беласица0:1Д. Митрев 22
Беласица — Скопје0:1
Илинден — Велмеј-Беласица1:1А. Милушев 85
Пролетен дел 2007
Беласица — Турново0:0
Милано Куманово — Беласица5:0
Слога Југомагнат — Беласица3:1Сотировски 87
Беласица — Вардар (Неготино)1:1Ѓ. Лиманов 17
Тетекс — Беласица3:0
Беласица — Цементарница0:2
Милано Куманово — Беласица7:0
Беласица — Караорман1:0А. Стојанов 80
Турново — Беласица3:0
Слога Југомагнат — Беласица4:2Т. Андреев 80, 82
Беласица — Вардар (Неготино)2:2А. Крстев 10 Ѓ. Лиманов 77
Илинден — Велмеј-Беласица2:3М. Алаѓозовски 9, 67, 85
Беласица — Маџари2:1Г. Пројков 3, 65
Металург (Скопје) — Беласица0:1М. Алаѓозовски 69
Беласица — Скопје1:0Г. Пројков 29

Статистика на играчи

Тренер: Звонко Тодоров

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1К. Захов160
2Т. Андреев202
3А. Милушев211
4З. Начевски210
5Ѓ. Станковски232
6Д. Митрев251
7В. Мицевски190
8Д. Стојков231
9М. Алаѓозовски267
10Ѓ. Лиманов2911
11М. Тимов171
12Р. Митев110
13М. Петров190
14Д. Јакимовски151
15Д. Божинов120
16А. Стојанов101
17Сотировски90
18Б. Гуцев110
19А. Крстев81
20Темелков130
21Г. Пројков113
22Стаменков140
23Б. Маневски70
24К. Ангеловски80
25Мирселовски50
26Јанев60
27И. Димитров120
28Илиевски30
29К. Кавазов20
30Гидалов20
31Р. Ристов20
32А. Бакулевски10
33Д. Алаѓозовски20
34Стоилов20
35Џурнов10
36Т. Василев10
37Делев10
38М. Пасков10

Табела

Пласман
9
Одиграни
33
Победи
11
Нерешени
7
Порази
15
Дадени голови
36
Примени голови
59
Бодови
40
Фотографија од табелата за „Сезона 2006/07“, скенирана од изворниот документ

Фотографии