1940-ти
„Сезона 1940/41“
Преглед
Оваа сезона, во рамките на Јужната и Северната зона, повторно се игра по куп-систем. Беласица во полуфиналето, во август 1940 година, се среќава против Победа од Велес. На првиот натпревар, Беласица победува со 2:4 во Велес. Во реваншот во Струмица, Беласица губи со 2:3, но сепак поминува понатаму. Во финалето на Јужната зона, Беласица игра против Хајдук од Прилеп. Во септември 1940 г., Беласица губи на првиот натпревар против Хајдук во Прилеп со 5:2. Во реваншот, Беласица победува со 1:0, но сепак тоа е премалку за да стане Беласица шампион на Јужната зона. Ова е последниот натпревар на Беласица во рамките на првенствата организирани од „Скопскиот лоптачки сојуз“, за време на Кралството Југославија.
Резултати
Полуфинале
| Натпревар | Резултат | Стрелци |
|---|---|---|
| Победа (Велес) — Беласица | 2:4 | |
| Беласица — Победа (Велес) | 2:3 |
Финале
| Натпревар | Резултат | Стрелци |
|---|---|---|
| Хајдук (Прилеп) — Беласица | 5:2 | |
| Беласица — Хајдук (Прилеп) | 1:0 |
Табела
- Пласман
- —
- Одиграни
- 4
- Победи
- 2
- Нерешени
- 0
- Порази
- 2
- Дадени голови
- 9
- Примени голови
- 10
- Бодови
- 4