Велешката жупа и оваа година се состоиод две групи: Велес и Струмица и плус во втората фаза се придружуваати екипи од Гевгелија и Штип. Во групата Струмица, одново се натпреварувааттрите клуба: Беласица, Шумадија и Југославија. Беласица оваа сезона едоминатна и забележува4 победи со гол-разлика 11:1, односно по две победи и против Шумадија и против Југославија. Во полуфиналето за победник на Велешката жупа, Беласица се судрувапротив Кожуф од Гевгелија. Беласица во првиот натпревар на 31 март ја победуваекипата на Кожуф, со 3:0. За време на натпреварот, врне снег, а игралиштето ево лоша состојба. Беласица во првото полувремеповедувасо 2:0. Во второто полувреме, иако гостите од Гевгелија сеподобри, Беласица успевада постигне и трет погодок. Беласица настапуваво состав: Филипов(иќ), Петров(иќ), Мицев(иќ), Божинов(иќ), Трајков(иќ), Вангелов(иќ), Д. Панов(иќ), Василев(иќ), Мрваљевиќ, Никол(иќ), Влахов(иќ). Во вториот натпревар, во Гевгелија, Беласица губисо 0:1. Кожуф поведувауште во 5 минута, ама тој резултат остануваи конечен. Беласица на овој натпревар еподдржана од своите навивачи, кои доаѓаатсо автобуси од Струмица. Беласица со оваа победа се пласира во финалето на Велешката жупа. Во финалето, Беласица игра против екипата на Велешки, која е формиранасо фузија на Слога и Хајдук од Велес. Во првиот натпревар, Беласица одигрувасамо 0:0, во Струмица. Во реваншот, Велешки победува со 1:0 и станува шампион на Велешката жупа.